Димитров: За моите позиции нема повеќе место во Владата, што се потврди и преку понудите за амбасадорската функција

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денес одржа прес-конференција по повод заминувањето од оваа функција.

Димитров ги претстави резултатите од раководењето со Секретаријатот за европски прашања – ажурирањето на НПАА, подготовката на националната верзија на acquis-то на Унијата и искористувањето на ИПА средствата и странската помош, по што се осврна на причините за престанок на вршењето на актуелната функција.

Димитров: „Јас не сум човек што се повлекува од битки. Не се повлеков затоа што чувствувам одговорност и сметам дека позициите што ги застапувам во процесот на преговори со Бугарија се исправни и важно е да се одржат. Имав сериозна битка внатре, особено во последната година, во однос и на дефинирањето на националните позиции, значи нивната суштина ама и на стратегијата, односно текот на самите преговори. Таа битка не беше тајна, разликите беа евидентни и во јавните пораки.

Во два наврати кога таа битка кулминираше, за што јавноста не знае, еднаш во Брисел, еднаш во Скопје, јасно кажав дека преку поставените граници нема да дозволам да се помине по каква било цена, а најмалку по цена на мојата позиција во Владата, давајќи до знаење дека со мене внатре за некои работи едноставно нема разговор.

Јас бев и сум целосно подготвен оваа битка да ја терам и понатаму без разлика на функцијата. Знаете, во мојата кариера, во оваа работа, сум сретнал многу влијателни луѓе кои немаат функција, а сум сретнал  и такви кои се на позиција, ама немаат тежина, што вели нашиот народ – не им врви зборот. Мојот збор ве убедувам дека ќе врви и натаму. Ама за тоа да биде така јас треба да сум дома, да сум тука, да сум активен, да сум  гласен и да имам слобода да се борам за моите позиции.“

Во продолжение Димитров образложи дека за неговите позиции немало повеќе место во Владата, што се потврдило и преку понудите за амбасадорската функција: „Не ме изненади посебно и понудата што ја добив – да бидам амбасадор во Вашингтон. Таму каде што бев пред меѓудругото пред 2 децении, пред 20 години, а и таму направивме голема работа во 2004 година со признавањето на уставното име од страна на САД, една од најголемите дипломатски победи.. Тоа не само што ќе ме тргнеше од дома, туку и ќе ми го врзеше зборот  – знаете дека дипломатите додека се на должност немаат право да бидат гласни и јавно да се борат за своите ставови дома.“

Во однос на неговиот иден ангажман, Димитров појасни дека ќе продолжи да остварува влијание во согласност со неговите принципи и вредности:

„Јас ветувам дека будно ќе го следам процесот на преговори и целосно ќе се борам против лошо решение, а ќе поддржам достоинствено и европско решение. Еднаш некаде кажав – јас така функционирам, за нештата што ви се важни и во личниот живот и во политиката – нема пуштање! Ова прашање е моја лична животна мисија – апсолутна почит за македонскиот јазик како еднаков на сите европски јазици и европска интеграција потпрена на вистински европски столбови и критериуми.

Јас никогаш не сум бил член на ниту една партија. Јас работам за државата, за македонската кауза и за мојата визија македонската политика да стане благородна, мисија на луѓе со знаење и чесност, со достоинство и со лична култура.

Тоа што за многу партиски членови од сите страни е тешко сфатливо е всушност основата на секоја нормална демократија – да се водиш од принципите, а не од буквите на партијата или имињата на лидерите. Како вели Черчил – нека не ве плашат оние кои напуштаат партија или влада поради принципи, загрижете се за оние кои напуштаат принципи поради функции или партии.

Јас сум работел со сите премиери до сега. Со сите во даден момент и сум се разминал, тогаш кога ни се разминале и визиите. Ова за мене не може никако да биде проблем, оти е нешто со кое се гордеам… Оти лојалноста кон мисијата никогаш, ама никогаш не смее да биде погазена од лојалноста кон некаква организација или лидер. Токму оваа моја, чудна за македонски услови лојалност, е проблем за партиите и за самата коалиција. Некои од вас веќе знаат, и тоа не е тајна, после оставката на премиерот Заев, многу меѓународни пријатели се јавија со поддршка за јас да ја преземам Владата.

Пораки што од коалицијата не беа прифатени со следново објаснување: сум бил нереален идеалист, премногу принципиелен и не сум се разбирал од меѓупартиски пазари. За мене овие критики се комплименти и ако за ​овие политички особини нема место во оваа идна Влада, мора да им најдеме место во македонската политика и во македонското општество. Граѓаните кои тоа го бараат, граѓаните кои за тоа се бореа и се борат, заслужуваат да им се чуе гласот што сега повторно е потиснат од партиските вреви.“

Тој појасни дека нова партија што ќе биде вклучена во истиот клиентелистички партиски апарат не е потребна, но неопходни се вистински промени на самиот систем како барања од Револуцијата.

Ќе нè биде луѓе! Има да нè биде, па што сака нека биде!“ – заврши Димитров.

Поврзани вести

27 јануари – Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник  на  РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2022 година (четврток), Свети Сава е неработен ден за...

Ова е најплатениот музичар за 2021 година- заработил вртоглава сума

Брус Спрингстин, со заработка од 590 милиони долари е прогласен за најплатен музичар за 2021 година, објави списанието „Ролинг стоун“. Најголем дел од заработката е од продажба на своите...

Александар Николоски избран за потпретседател на Европската народна партија во ПС на Совет на Европа

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска на првиот ден од зимската сесија на Парламентарното Собрание на Совет на Европа, која се одржува во хибриден формат, поради пандемијата, е избран за потпретседател на...

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија. Во Бугарија ќе биде одржана заедничка меѓувладина...

Најважното

Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се...

Какво време не очекува следниве денови?

Во следните денови ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

ФОТО: Голем пожар во Битола – гори фабрика

Голем пожар во Битола, како што јавува репортерот на 4NEWS.mk станува збор за пожар во производствен погон. Пожарот избувнал...

Еве каква временска прогноза не очекува во следните денови

Во следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Денес и утре особено во северните...

Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито

Сончево со мала до умерена облачност, многу студено и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.