Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Сабахудин Рустеми, и раководителот Аки Саити попладнево од ПС Автокоманда се спроведени пред Основниот кривичен суд Скопје.
Како што информираат од Основното јавно обвинителство, двајцата се осомничени за сторено кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпад, по член 230 став 1 од Кривичниот законик.
Сомнежите се однесуваат на непрописно управување со комуналниот отпад на територијата на Град Скопје.
Јавното обвинителство посочи дека поради опасност од влијание врз сведоци и можност за повторување на делото, побарано е определување на мерка притвор за осомничените. Истрагата продолжува, а надлежните органи ќе утврдуваат и евентуална дополнителна одговорност за нанесените штети.