Македонија

Дивокоза за првпат после долго време е забележана на фотозамките на Пелистер

Дивокоза за првпат после долго време е забележана на фотозамките на Пелистер

Дивечот во НП Пелистер после интензивираните активности на ренџерската служба се почесто можи да се забележи во неговите живеалишта во зоната на активно управување и во зоната на строга заштита. На фотографиите од фотозамките лесно можи да се забележи каде дивечот се движи, колкава е неговата бројност, во каква здравствена состојба се наоѓа и како во секојдневието функционира како дел од синџирот на исхрана.

На првата фотографија можи да се збележи волк(Canis lupus) во улога на предатор како се движи со својот плен(срндач – Carpeolus carpeolus).

На втората фотографија после долго време на интензивен мониторинг забележана е дивокоза(Rupicapra rupicapra)

Третата фотографија го опишува движењето на дива свиња(Sus scrofa) во група. Ова е карактеристично за овој животински вид на Пелистер.

На останатите фотографии ќе ја забележите и дивата мачка која често пати можи да биди помешана со рисот од страна на посетителите на НП Пелистер. Дивата мачка има свои карактеристики и во значителна мера се разликува од Балканскиот рис.
инистерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH
Prespa Ohrid Nature Trust – PONT
Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни