Од вечерва на полноќ дизелот ќе поскапи за 2,5 денари, и според новата цена од утре ќе чини 80,5 денари по литар.
Цената на ЕУРОСУПЕР 98 и ЕУРОСУПЕР 95 ќе остане иста, односно ќе чини 78,5 денари и 76 денари по литар.
И цената на мазутот останува иста односно 39,4 денари по литар, додека се зголемува цената на екстра лесното масл за три денари, и ќе чини 78,5 денари.