Македонија

Дижонска без струја, жителите протестираат, ЕВН: Злоупотреба на мрежата и ги прегоруваат осигурачите

Жителите на Дижонска, денеска протестираа пред филијалата на ЕВН во Скопје – Север.

Тие се жалат дека жителите на улиците 21 и 23, немаат електрична енергија. Велат дела веќе неколку месеци се соочуваат со овој проблем. Жителите бараат да се постави помоќна трафостаница бидејќи според нив, постоечката е многу слаба и дека нема капацитет да ги снабди сите домаќинства со струја.

„Скоро два месеца сме без електрична енергија. Не можеме да обвиниме никого. Засега само сакаме решение. Да се реши проблемот. Треба да се инвестира во нова трафостаница овде, нема инвестиции бидејќи не плаќаат сите“, изјави Кренар Адеми, жител на селото.

„Веќе три месеци немаме електрична енергија, не знам дали имавме ни една недела струја. Постојано само улица 21 нема. Од ЕВН велат дека нема наплата, не може да издржи трафостаницата, тоа е нивното образложение. Нас не не интересира, ние бараме да имаме електрична енергија“, изјави жителот Азем Алиу.

 Жителите кои протестираа се сретнаа со претставникот на ЕВН на експозитурата „Васил Главинов“ и го информираа за нивниот проблем.

 „Ние кои бевме претставници од таа улица му кажавме дека порано на таа улица имаше помалку куќи а сега се 40 до 60, така да таа линија можеби е одредена за 10 домаќинства и не може да ги одржи 60 куќи кои се изградени сега“, изјави жителот Ќамуран Исмаили.

Тв21 постави прашање до ЕВН за ова прашање. Од таму велат дека во електричната мрежа се вклучуваат и непостојани корисници и поради голема преоптовареност на мрежата прегоруваат осигурувачите. Од таму велат дека само во текот на викендот нивните екипи отишле да интервенираат.

„Последните неколку дена има прекини во снабдувањето со електрична енергија на ул. 21, поради неконтролираното и кај одредени корисници нелегално користење на електричната енергија. Само во текот на викендот екипите на Електродистрибуција имаа повеќе од 10 интервенции поради горење на осигурувачите во трафостаницата од која се снабдуваат корисниците. Во овој регион се детектирани злоупотреби во мрежата од страна на корисниците и секако дека за време на зимскиот период кога потрошувачката е поголема, се случуваат прекини во снабдувањето со електрична енергија“ – ЕВН Македонија.

Меѓутоа жителите велат дека доколку не се најде решение ќе продолжат со протести и ќе ги блокираат улиците.

РЕПОРТЕР: АРМЕНД АБАЗИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни