ДКСК утврди непостапување според обврската за пријавување имотна состојба кај 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници

Државната комисија за спречување на корупцијата, согласно со член 17 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси ја евидентира и следи имотната состојба и интересите.

Согласно со член 82 став 1 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси сите избрани градоначалници на Локалните избори 2025 година имаат обврска, најдоцна во рок од 30 дена од денот на изборот, да поднесат изјава за имотна состојба и интереси.

Се вчитува...

Исто така, согласно со член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, истите имаат обврска да поднесат изјава за имотна состојба.

ДКСК изврши проверка во регистерот на имотна состојба и интереси и ја констатира следната состојба:

-35 лица по престанок на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси и

-19 лица по изборот на функцијата – градоначалник, немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси, за кои ќе иницира постапки согласно закон, со издавање прекршочен платен налог.

ДКСК ќе ја следи состојбата и за сите наведени лица, кои и понатаму нема да ја исполнат законската обврска за доставување изјави, ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси.

Прилог табели со лица кои немаат поднесено изјава за имотна состојба и интереси.