„ДЛАБОКА ТАГА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ШПАНИЈА“: Претседателката Силјановска Давкова упати сочувство

Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати телеграма со сочувство до шпанскиот народ и државниот врв по повод тешката трагедија што ја погоди Шпанија.

Во својата порака, таа изрази солидарност во име на сите македонски граѓани.

„Со длабока тага ја примив веста за ужасната трагедија што го погоди срцето на Шпанија.

Во име на македонските граѓани, изразувам најдлабоко и најискрено сочувство до шпанскиот народ и ужалените семејства кои трпат незамислива болка во овој момент.

Им посакувам сила и утеха на сите што тагуваат, а на повредените побрзо заздравување и надеж во деновите што следат“, напиша претседателката Силјановска Давкова.