Дневен хороскоп за 24. октомври 2018

ОВЕН

Работа: Само опуштете се и ве чека многу успешен работен ден. Во ведра атмосфера денеска ќе можете да дадете максимум. Добра соработка со личност родена во знакот на Девица.

Љубов: За слободните во овој знак, ова нема да биде ден каде што ќе се случи нешто важно. Во грч сте, и исплашени.

Здравје: Пад на иминутетот.


БИК

Работа: Ве чека голема работа. Ако сакате вашиот бизнис да не трпи поради мешање со пријателство, пробајте да ги систематизирате работите. Распоредите ги обврските во текот на денот. Лав може да ви биде добар сојузник.

Љубов: Некој кон вас гледа со почит и со восхит. Но може позади сето тоа да не стојат искрени намери, туку само корист.

Здравје: Добро.


БЛИЗНАЦИ

Работа: Вам ви е потребна извесност кога се приходи во прашање. Економијата на успехот исклучува кампањски пристап. Бикови се одлични за соработка денеска.

Љубов: Билзнаците во врска ќе имаат страв од раскинување и губење на партнерот. Слободните припадници на овој знак ќе бидат нешто поопуштени, па можно е познанство со личност со ведар дух.

Здравје: Пазете се од повреди.


РАК

Работа: Вашите паѓања можат да бидат многу болни. Само што сте помислиле дека сте тргнале успешно, потоа ве облева страв. Затоа секогаш барајте поддршка. Но, таа овој пат изостанува.

Љубов: Партнерот е нежен, и тоа ве изненадува. Сте поминале низ доста ладен период. Хороскоп за слободните Ракови прогнозира врска.

Здравје: Проблеми со жлездите.


ЛАВ

Работа: Овен или Јарец денеска ќе ви бидат сојузници. Амбиции не ви недостасуваат, само треба коцките да се поклопат и ќе имате многу успешна седмица. Верувајте во себе.

Љубов: Слободните Лавови може да очекуваат средба која ќе донесе многу убави изненадувања. Оние кои се во брак или во долга врска, влегуваат во проблематичен период.

Здравје: Добро.


ДЕВИЦА

Работа: Ако сте успеале да се одморите во текот на минатиот викенд, тоа ќе ви биде најдобрата инвестиција. Затоа што ве чека работа, и тоа многу работа. Многу обврски се префрлени на вас, дел од нив и по ваша вина.

Љубов: Партнерот може да биде многу нежен кон вас денес. Можеби ни вие ни партнерот не ја знаете причината, но прифатете го тоа силно. Ќе ви годи заедничко бањање.

Здравје: Посетете лекар.


ВАГА

Работа: Додека сте во тим, секоја работа ви оди од рака. Но што нешто пробувате самоволно, одеднаш излегуваат непредвидени тешкотии. Пробајте да најдете златна средина.

Љубов: И кога вие чувствувате дека не сте во елемент, просто зрачите. Денешниот хороскоп кажува дека ќе бидете „кобни“ за некоја личност од знакот на Стрелец или Шкорпија.

Здравје: Проблем со дишните органи.


ШКОРПИЈА

Работа: Она кое сте го планирале, и што ви тргнало добро, одеднаш застанало. Плановите кои сте ги имале во врска со договорање на една работа, паднаа во вода. Морате од почеток.

Љубов: Се затворате во себе, во вашата самотија. Внатре не може никој да влезе. Следува фаза на чистење.

Здравје: Проблеми со внатрешните органи.


СТРЕЛЕЦ

Работа: Брзо носите одлуки кои веднаш се покажуваат како ефикасни. Во денешниот хороскоп за вас нема место за размислување. Лекциите од минатото доволно сте ги совладале.

Љубов: Стрелците во вези може да имаат проблеми со разбирањето. Не ви оди комуникацијата. Ако сте слободни, можно е да влезете во кратка авантура.

Здравје: Чувствителна кожа.


ЈАРЕЦ

Работа: Сконцентрирани сте на добивка, и тука нема менување на плановите. Можни се промени на тактиката како да дојдете до целта. Во работните обврски ќе ви значи помош од личност во знакот Бик.

Љубов: Денеска не сте во елемент. Јарците кои се во брак или во врска влегуваат во монотонија. За слободните ова е безгрижен период.

Здравје: Ишијас или воспаление на мускулите.


ВОДОЛИЈА

Работа: Баравте преголем залак, иако имавте други договори. Можно е да останете со „куси ракави“ во оваа работа. Немојте да се срамите да ја признаете грешката.

Љубов: Вашата комуникација напредува. Нема веќе „глуви телефони“ или претерано его. Сепак, тоа не треба да значи да престанете да мислите на себе.

Здравје: Не е лошо.


РИБИ

Работа: Можете во полн здив да влезете во нови работни предизвици. Ве очекува добар период. Не сте се наметнале, но вашата работа е далеку пред колегите. Тоа некој го приметил.

Љубов: Можеби чувствувате малку инфериорност во односот на партнерот или кон некој кон кого имате симпатии. Тоа се интензивни, но чувства кои поминуваат. Работете на самодовербата.

Здравје: Проблеми со репродуктивниот систем.