Дневен хороскоп за четврток, 18-ти септември 2025 година!

ОВЕН (21.3 – 20.4)

Потребна е претпазливост ако планирате купување или продажба, без разлика дали станува збор за недвижности или нешто многу помало. Не влегувајте во расправии со жени. Слушајте го советот на Вагата или Стрелецот.

БИК (21.4 – 21.5)

Можете да постигнете поволен деловен договор ако се занимавате со самостојна дејност или планирате соработка со странци. Можно е ненадејно расправија со партнер или помлад член на семејството. Болка во грбот.

БЛИЗНАЦИ (22.5 – 21.6)

Нагласениот знак Лав ви носи успех преку занимања поврзани со медиуми, приватно претприемништво или образование на младите. Обидете се помалку да се нервирате поради некоја семејна ситуација. Несоница.

РАК (22.6 – 22.7)

Вашиот владетел Месец во куќата на парите ве прави поактивни, носејќи можност за договор за некоја нова деловна активност. Ненадејни трошоци дома. Промена на плановите во вечерните часови. Слушајте го советот на Рибите. Поминете повеќе време во друштво на пријатели.

ЛАВ (23.7 – 22.8)

Месецот минува преку астероидот Фортуна во вашиот знак, па вашите таленти денес можат да дојдат до полн израз. Избегнувајте расправии со жени. Ненадеен одлазок на пат. Склон сте на преиспитување на одлуки во љубовта.

ДЕВИЦА (23.8 – 22.9)

Нагласената 12-та куќа ве прави склони кон интроспекција, особено кога станува збор за љубовна романса која сакате да ја задржите во тајност. Договор за нов проект. Слушајте го советот на помладо лице. Поминете повеќе време со пријатели.

ВАГА (23.9 – 22.10)

Астероидот Пандора во вашиот знак ви носи подобар увид во ситуација која се однесува на помлад член од семејството. Деловната ситуација бара повеќе концентрација. Имате поддршка и помош од маж од семејството. Внесете повеќе витамини.

ШКОРПИЈА (23.10 – 22.11)

Месецот во десеттата куќа може да ви донесе конфликт со жени на работа. Црниот Месец Лилит го нагласува вашиот сексапил, правејќи ве популарни во друштвото на спротивниот пол. Не треба да обрнувате премногу внимание на лицето што ви завидува.

СТРЕЛЕЦ (23.11 – 21.12)

Астероидот Амор во вашиот знак носи можност за романса на работа. Вашите амбиции за соработка со странци растат. Слушајте го советот на постар член од семејството. Помладо лице од семејството очекува совет од вас.

ЈАРЕЦ (22.12 – 20.1)

Нагласениот знак Лав го поттикнува вашето творештво и ентузијазам кога станува збор за нов вид заработка. Можете да постигнете договор за работа на подолг рок ако се занимавате со интелектуална или услужна дејност. Несоница.

ВОДОЛИЈА (21.1 – 19.2)

Позицијата на вашиот владетел Уран и Месецот може денес да ви донесе кратка расправија со љубовен или деловен партнер. Можно е ненадејно трошење. Избегнувајте ризични финансиски потези. Опасност во сообраќајот.

РИБИ (20.2 – 20.3)

Саканото лице покажува знаци на посесивност, па денес внимавајте на љубоморни сцени. Пари ќе добиете преку соработка со една Шкорпија. Бидете посвртливи кон соработниците и колегите. Нервоза.