ОВЕН
Работа: Не веруваjте во нечии ветувања, потребна ви е посилна гаранција. Луѓето имаат тенденција да зборуваат за сè.
Љубов: Можеби нема да добиете се што очекувате од партнерот и ќе се разочарате. Решението е во искрен разговор и разбирање.
Здравје: Чувствителни зглобови.
БИК
Работа: Многубројните обврски кои ве очекуваат создаваат голем притисок и нервоза. Направете план од кој нема да отстапите.
Љубов: Изгледате незаинтересирани за предлозите на партнерот. Можна е помала кавга.
Здравје: Несоница. Преоптоварени сте со работа, постојано сте под стрес.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Бидете отворени во комуникацијата со претпоставените и побарајте од нив повеќе време за да ги завршите сите задачи.
Љубов: Во тешки моменти ви треба поддршка од саканата личност. Сепак, партнерот не е заинтересиран за вашите проблеми.
Здравје: Чувствителен мочен меур.
РАК
Работа: Иако сте многу снаодливи и способни, некои работи очигледно не ви одат. Слушајте ги предлозите на другите деловни соработници, можеби препуштете им дел од работата што ја работите.
Љубов: Разочарани сте од незадоволството на партнерот.
Здравје: Проблеми со коленото.
ЛАВ
Работа: Важно е да го почитувате договорот што го имате и да бидете фер и коректни кон вашите соработници.
Љубов: Разговарајте со партнерот и отворено кажете му кои работи не можете да ги толерирате во врската.
Здравје: Проверете ја вашата крвна слика. Имунитетот може да се намали.
ДЕВИЦА
Работа: Не верувајте во премногу ветувања или во луѓе кои се силни само на зборови. Верувајте најмногу во себе и во своите квалитети.
Љубов: Можеби грешите во односот со партнерот, вашите очекувања се различни.
Здравје: Низок притисок.
ВАГА
Работа: Во некои деловни одлуки ќе бидете ставени пред завршен чин. Сепак, секогаш можете да го дадете вашиот предлог, кој е невозможно да се одбие.
Љубов: Сакате да бидете малку поактивни на љубовен план и да создадете попозитивна атмосфера.
Здравје: Страдате од несоница.
ШКОРПИЈА
Работа: Фокусирани сте да ги искористите сите деловни можности кои се нудат. Сепак, дајте им поголема шанса на приоритетите, а направете распоред за други работи, за да успеете во реализацијата.
Љубов: Можно е да им придавате преголема важност на некои проблеми во сентименталната врска
Здравје: Најдете начин да се опуштите.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Не донесувајте одлуки поврзани со работата во афект или не реагирајте импулсивно. Контролирајте ги вашите постапки, зборови, особено во контакт со претпоставените.
Љубов: Обидете се позитивно да ја изненадите вашата сакана и да и го подобрите расположението.
Здравје: Грижете се за вашите заби.
ЈАРЕЦ
Работа: Треба да бидете подготвени да ги прифатите туѓите идеи кои се подобри од вашите во моментот.
Љубов: Ги запоставивте емоциите, не ги покажавте навреме и сега се каете.
Здравје: Избегнувајте алкохол.
ВОДОЛИЈА
Работа: Не давајте големи ветувања, кои сте сигурни дека нема да можете да ги исполните на почетокот.
Љубов: Ако се впуштите во авантура со една предизвикувачка личност, може да изгубите многу, бидејќи тоа е тајна врска.
Здравје: Слаба циркулација.
РИБИ
Работа: Можете лесно да создадете погрешна слика за некои настани. Ако не сте сигурни, консултирајте се со деловен партнер, планирајте ги следните чекори заедно.
Љубов: Ве очекуваат пријатни моменти во друштво на партнер кој е полн со нежност кога станува збор за вас.
Здравје: Хормонална нерамнотежа.
