Овен
Најдобро би било денот да си го посветите на себе и на вашите потреби, во спротивно ќе бидете разочарани од луѓето околу вас.
ЉУБОВ: Ќе замижувате пред некои очигледни работи, но нема да ги заборавите.
РАБОТА: Очекувате некој да го исполни ветеното.
ЗДРАВЈЕ: Се чувствуваш добро.
Бик
Денеска ништо нема да ви ги наруши плановите, односно нема да дозволите тоа да се случи.
ЉУБОВ: Оние кои се во врска може да имаат одредени сомнежи за работите што ги научиле директно од партнерот.
РАБОТА: Не ви е важно да се истакнете денес, туку всушност да имате корист од она што го правите.
ЗДРАВЈЕ: Можни стомачни тегоби.
Близнаци
Оние припадници на знакот кои имаат проблеми со килограмите во никој случај не треба да се откажат од диетата доколку веќе ја започнале.
ЉУБОВ: Посветете повеќе внимание на семејниот живот. Слободните утеха наоѓаат во некакво дружење.
РАБОТА: Деловната страна стагнира.
ЗДРАВЈЕ: Ставете го вашето здравје на прво место.
Рак
Чувствителни сте на се што се случува околу вас, без разлика што тоа не е директно поврзано со вас.
ЉУБОВ: Не го покажувајте вашето разочарување толку многу, особено на луѓето кои не заслужиле да го видат вашето тажно лице.
РАБОТА: Во периодот што следи фокусирајте се само на вашиот дел од работата.
ЗДРАВЈЕ: Зголемен притисок.
Лав
Постои можност нешто што сте го направиле да ве гуши и свесни сте дека треба да зборувате за тоа, но стравот од исходот е посилен.
ЉУБОВ: Партнерот замижува пред некои очигледни работи, но нема да ве заборави.
РАБОТА: Работата ви е добра, но премногу ви пречат некои случајни работи.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со ‘рбетот, коските…
Девица
Каде и да се појавите, ќе привлечете некакво внимание. Погрижете се да е позитивно. Не влегувајте во расправии на јавни места.
ЉУБОВ: Оние кои се во врска или брак имаат проблем со туѓото мислење. Ќе ви биде тешко да прифатите дека не сте во право.
РАБОТА: Денеска е можна помала парична добивка.
ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
Вага
Некои работи не сте ги завршиле на време, па сега сето тоа е натрупано и „паѓа“ врз вас. Само полека креирајте распоред на приоритети.
ЉУБОВ: Не сте искрени прво со себе, а потоа со другите.
РАБОТА: Потребен ви е план за се да успее.
ЗДРАВЈЕ: Главоболка.
Скорпија
Во минатото се случија некои работи кои сега може да се стават на дневен ред, на дискусија.
ЉУБОВ: Вашиот партнер ги премолчува работите само за мир на умот.
РАБОТА: Оние кои се невработени имаат можност да започнат нешто сосема ново.
ЗДРАВЈЕ: Можно гадење.
Стрелец
Најчесто денес се ќе ви оди добро, единственото нешто што може да ви го наруши денот е некој кој е поврзан со вашето минато.
ЉУБОВ: Ништо ново на полето на љубовта. Сте се повлекле во себе, особено ако сте сингл.
РАБОТА: Прифатете ја работата што ви се нуди.
ЗДРАВЈЕ: Пазете се од повреди.
Јарец
Некои од припадниците на знакот може да се каат за своите минати постапки, но нема да направат ништо во врска со тоа.
ЉУБОВ: Вие сте нечесни кон партнерот и имате свои причини за тоа.
РАБОТА: Размислувате за некои работи кои би сакале да ги промените, но во моментов нема доволно пари за тоа.
ЗДРАВЈЕ: Нервозата влијае на варењето.
Водолија
Најдете нешто што ќе го окупира вашиот ум денес и не се задржувајте на работите што сте можеле да ги промените во минатото.
ЉУБОВ: Некој не ви посветува доволно внимание, односно онолку колку што вие би сакале.
РАБОТА: На работа ќе можете да бидете премногу параноични и да ги гледате безопасните работи како закана за вас.
ЗДРАВЈЕ: Можни осцилации на притисокот, но главно добри.
Риби
Сè што се акумулира во вас, во вашата глава и во вашето срце, сега треба да го ставите на дневен ред.
ЉУБОВ: Премногу чекање, кружење и страдање предизвикува пукање.
РАБОТА: Финансиската состојба на некои припадници на знакот може да биде многу проблематична.
ЗДРАВЈЕ: Вознемирен стомак.
