Дневен хороскоп за вторник, 29-ти април 2025 година

ОВЕН (21. 3 – 20. 4)
Месечината во Близнаци и тригонот со вашиот владетел Марс и Нептун ја поттикнуваат вашата креативност и мотивација за поефикасно завршување на планираното. Односот со долгогодишниот партнер се подобрува. Внимавајте во сообраќајот.

БИК (21. 4 – 21. 5)
Истакната 12. куќа ви носи инспирација доколку вашата професија има креативна нота. Договори за нова работа, особено ако работите приватно. Партнерот покажува поголем интерес за вас отколку порано. Повеќе шетајте.

БЛИЗНАЦИ (22. 5 – 21. 6)
Месечината во вашиот знак, под влијание на вашиот владетел Меркур – симбол на флерт и комуникација – ве прави популарни и сакани во друштвото, особено меѓу спротивниот пол. Успех и пари преку медиуми, ИТ-сектор и членство во големи здруженија.

РАК (22. 6 – 22. 7)
Многу планети во куќата на кариерата, под влијание на вашиот владетел Месечината, позитивно влијаат врз вашата проценка на тековната работна ситуација. Астероидот Амор во вашиот знак под влијание на Нептун најавува средба со зафатена личност. Можна е главоболка.

ЛАВ (23. 7 – 22. 8)
Преполнетиот знак на Овен ви носи контакти со странци, договори за усовршување и школување во странство, како и патувања. Опозицијата меѓу Плутон и Марс во вашиот знак полека се намалува, што носи олеснување во односите со саканата личност.

ДЕВИЦА (23. 8 – 22. 9)
Аспектите на Месечината во куќата на кариерата ви носат поволен исход во договорите со претпоставените и подобра позиција на работа. Стелиумот на Сатурн, Венера и Нептун најавува романтична средба со стара симпатија. Избегнувајте алкохол.

ВАГА (23. 9 – 22. 10)
Истакнатата куќа на партнерства и јавност ви носи средби со интересни личности, меѓу кои еден огнен знак особено ќе ви го привлече вниманието. Ќе добиете понуда за хонорарна или паралелна работа. Повеќе одмарајте.

ШКОРПИЈА (23. 10 – 22. 11)
Астероидот Јуно, под влијание на планетите од куќата на љубовта, ве прави подготвени да ги исполнувате желбите на партнерот. Тригонот на Месечината и вашиот владетел Плутон најавува страствена средба со привлечна личност.

СТРЕЛЕЦ (23. 11 – 21. 12)
Истакнатите куќи на партнерства и љубов ви носат контакт со некој што некогаш многу ви значел. Можност за зголемување на приходите преку креативни активности и спортски дејности. Променете ги навиките во исхраната.

ЈАРЕЦ (22. 12 – 20. 1)
Со Месечината во Близнаци, под влијание на вашиот владетел Сатурн, ве очекуваат многу обврски кои ќе ги завршите побрзо од очекуваното. Некој што сте го запознале преку работа повторно влегува во вашиот живот. Внимавајте на чувствителна кожа.

ВОДОЛИЈА (21. 1 – 19. 2)
Преминот на Месечината – симбол на емоциите – преку куќата на љубовта, под влијание на Плутон од вашиот знак, најавува флерт или тајна врска со лице во Близнаци. Договор за работа со личност која живее во друг град. Можно е главоболка.

РИБИ (20. 2 – 20. 3)
Истакнатиот знак на Овен не ѝ одговара на вашата чувствителна природа, но затоа позицијата на вашиот владетел Нептун носи успех и пари преку соработка со луѓе од земјите каде што се зборува германски. Стара симпатија повторно се обидува да ви го привлече вниманието.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното