Претседателката на Централната Изборна Комисија на СДСМ, Викторија Мадиќ денеска на прес конференција информираше за досегашниот тек на гласање.
„Сите 194 гласачки места во 80 општини се отворени навремено, во 8 часот изутринава. Гласањето на сите гласачки места се одвива непречено, без застој, во демократска атмосфера и со почитување на мерките за заштита од ковид-19“, посочи Мадиќ.
Таа додаде дека за три часа од отворањето на гласањето, излезноста е 12 отсто.
„Гласачките места ќе бидат отворени до 19 часот, до кога и трае гласањето“, посочи Мадиќ.