МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-9 Берово, -7 Маврови Анови, Штип, -6 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, Демир Капија, Попова Шапка, -5 Тетово, Претор, Прилеп, Крушево, -4 Охрид, Виница, Струмица, -3 Скопје-Зајчев Рид, -1 Куманово, 0 Гевгелија.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 7 часот (во сm)
45 Попова Шапка, 16 Маврови Анови, 2 Крушево, 1 Ѓуриште.
ВРЕМЕТО ВО ТЕКОТ НА НОЌТА И ИЗУТРИНАВА
Во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец. Утрово е сончево со мала локална облачност, зголемена облачност има во североисточните делови, а во Демир Капија има појава на слаба магла.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Сончево со мала до умерена локална облачност, на североистокот значително облачно. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 10 степени.