Македонија

До 15-ти септември државните коли мора да имаат таблици во боја

До 15-ти септември државните коли мора да имаат таблици во боја

Сите државни институции и јавни правни лица се обврзани најдоцна до 15 септември 2025 година да ги заменат регистарските таблици на службените возила со нови – во боја. Одлуката е донесена на денешната седница на Владата и е дел од заложбите за зголемена транспарентност и отчетност во работењето на јавните институции.

„Со ова ја исполнуваме заложбата за видливо обележување на службените возила. Крај на злоупотребите за приватни или партиски цели – јавноста ќе може лесно да препознае кое возило е службено,“ истакна Ивица Томовски, Директор на служба за општи и заеднички работи на Влада (СОЗР).

Институциите имаат јасен рок – до 15 септември мора да ги сменат таблиците, а контролните механизми ќе бидат зајакнати. Промената се смета за чекор напред во креирање на одговорна администрација и поголема доверба од страна на граѓаните.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни