Македонија

До денеска за трагедијата во Кочани, 19 лица се во притвор, 13 во куќен, 12 со мерки на претпазливост и 1 осомничен е на лекување

До денеска за трагедијата во Кочани, 19 лица се во притвор, 13 во куќен, 12 со мерки на претпазливост и 1 осомничен е на лекување

До денеска, според податоците од Основното јавно обвинителство Кочани, во врска со трагедијата во Кочани, вкупно 45 лица се опфатени со истражната постапка.

Од нив:

  • 19 осомничени лица се со изречена мерка притвор,
  • 13 се во куќен притвор со дополнителна мерка на претпазливост – забрана за комуникација,
  • 12 се со определени мерки на претпазливост,
  • 1 осомничено лице е на лекување.

ОЈО Кочани информира дека овие податоци се актуелни до овој момент, но постои можност да се водат жалбени постапки за кои сè уште не се пристигнати решенија од судот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни