МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во 0 С) 2 Попова Шапка, 4 Лазарополе, 7 Маврови Анови, 8 Крушево, 10 Берово, 11 Крива Паланка, 12 Претор, Виница, 13 Охрид, Прилеп, 14 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 15 Штип, 16 Скопје-Петровец, Битола, 17 Велес, Кавадарци, Демир Капија, 18 Струмица, 19 Гевгелија.
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Променливо облачно со сончеви периоди. Дуваше слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен и северозападен правец, во Полог и Пелагонија со брзина над 40, а долж Повардарието над 50 km/h.
ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ: Променливо облачно со повремен локален дожд, на повисоките планини на северозапад и на североисток ќе има услови за повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен и северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно, до крајот на денот и во текот на ноќта ќе има
повремен дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од
северен и северозападен правец.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, во источните делови и долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе
достигне од 11 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од
северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната
ќе достигне до 19 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на топло време со пораст на температурите. Во сабота ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен северен ветер (над 70 km/h).