Македонија

Доаѓа невреме во Македонија

Доаѓа невреме во Македонија

Под влијание на циклонска активност утре попладне, во текот на ноќта и во вторник времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен и пороен дожд ( над 20 l/m2), проследени со силен ветер ( над 70 km/h) и појава на грмежи.

Во Скопје утре попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите повремено ќе бидат поројни, проследени со засилен ветер и појава на грмежи.

Во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд со слаб интензитет.

 

 

 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни