Македонија

Доаѓа невреме во Македонија, Скопје ќе го зафати по 17 часот

Доаѓа невреме во Македонија, Скопје ќе го зафати по 17 часот

Попладне и кон крај на денот ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Услови за поинтензивни процеси ќе има претежно во северните и североисточните делови. Ќе дува засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието.

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северозападен правец, кој од попладневните часови ќе засилува. Попладне и кон крај на денот ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, ретки грмежи и засилен ветер. Услови за поинтензивни процеси ќе има претежно во северните и североисточните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 25 до 32 степена. УВ=6.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Во утринските часови променливо облачно, во текот на претпладнето со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се намали и ќе биде претежно сончево. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, особено долж Повардарието. УВ=6

Во Скопје претпладне со умерена облачност, а попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни