Балкан

Доаѓа нов топлотен бран, температури до 42 степени

Националната метеоролошка служба на Грција издаде вонреден временски билтен за опасно топло време во деновите до следната недела.

Сообраќајната полиција препорачува да не се патува за време на ручекот.

Нов бран топло време почнува денеска, најавуваат синоптичарите. Се очекува температурите да достигнат до 42 степени.

Со пораки на мобилните телефони надлежните предупредуваат дека е пожелно да не се остане на сонце од 11 до 18 часот.

Бизнисите на отворено го сменија работното време.

Здравствените власти посветуваат посебно внимание на мерките за заштита на здравјето на старите лица и децата.

Летово е забележан нагло зголемување на бројот на давеници поради потценет ризик при капење во море, информираат од полицијата.

Дел од морските линии се без спасители поради недостиг на општински средства, признаваат градоначалниците.

Високите температури го зголемуваат ризикот од пожари и Цивилната одбрана потсетува на забраната за пожари на отворено.

Високи температури и во Македонија.

Следува краток период на сончево и многу топло време со пораст на температурите на воздухот. Најтопло ќе биде утре и во петок кога температурите во повеќето места ќе бидат над 35°С, а во југоисточните подрачја и над 40°С. Од петок од крајот на денот, преку ноќта и во сабота ќе има услови за нестабилност и појава на краткотраен пороен дожд.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни