Доби отказ од кафуле, скокна преку шалтер и го нападна газдата: Врати ми ги работите

Вирално видео снимено на 13 јануари во кафуле на меѓународниот аеродром Хартсфилд-Џексон во Атланта ги обиколи социјалните мрежи, прикажувајќи една вработена како дивее откако дознала дека е отпуштена.

Кога таа се налутила поради расправија со колега, раководството интервенирало, но тоа само ја влошило ситуацијата. Вработената добила отказ, а виралното видео од инцидентот започнува со тоа што таа ги бара своите „работи“, односно јакната и чантата кои биле зад шалтерот.

Поранешните колеги не ја пуштаат да влезе зад пултот и и викаат „замини“, а потоа ја блокира маж во црвена кошула. Таа потоа се обидува да го земе столот, но друг вработен брзо ја фаќа за рака.

Таа скокна на пултот

После тоа се обидела да оди зад шалтерот, но друга вработена ја зграпчила и ја фрлила на подот, а откако му удрила шлаканица на човекот пред неа, изгледало како да излегува од кафулето.

Меѓутоа, таа ненадејно повторно се појавила и прескокнала преку шалтерот, за брзо да биде фатена од вработените додека викала: „Тргни се од мене!“ На крајот таа излезе носејќи ја јакната и чантата. За среќа нема повредени, а полицијата ја продолжува истрагата.