На својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски објави дека инспекторите откриле нелегална градба на зграда на улицата Козле.
Имено, според документите, требало да се гради покрив поради течење, но на лице место биле затекнати четири дела, што јасно укажувало на изградба на 4 нови станови.
„Денес, заедно со градежниот инспектор и раководителот на Инспекторатот, излеговме на терен – улица Козле бр.17. Извршивме увид на настрешница поставена на зграда со рамна плоча. Иако дел од станарите добиле одобрение за кос покрив поради наводно течење, утврдивме дека изведбата НЕ е согласно одобрениот проект! Просторот е поделен на 4 дела – со подготовки за кујни и тоалети – што јасно укажува на обид да се направат уште 4 нови станови, и незаконски да се добие уште еден кат во објектот! Инспекторот изготви записник, а ќе следи и решение за уривање, или обврска граѓаните сами да ја отстранат оваа дивоградба!“, напиша Јакимовски.