Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција, по прашање околу вчерашната средба на албанскиот премиер Еди Рама и лидерите на албанските партии од Македонија, истакна дека Рама е докажан пријател на нашата држава.
„Секој разговор што ваков човек го има со политички чинители од нашата држава во насока на градење пријателство и добрососедство и во насока на задржување на курсот на европските интеграции го сметам за позитивен и добредојден, со оглед дека во нашиот регион постојат два концепти, а тоа се каде што предводници сме јас, Рама и други премиери – европска интеграција на регионот и другиот концепт во кои што политичари сметаат дека овој регион не треба да биде интегриран во ЕУ. Тие политичари никогаш не понудија алтернатива“, кажа Ковачевски.
Премиерот истакна дека вчерашните пораки после тиранската средба се токму во насоката на непречено одвивање на европските интеграции на Македонија и Албанија.