Доделени наградите 8 септември – Љуљзим Вренези добитник на наградата за животно дело

Долгогодишниот натпреварувач во борење кој сега работи како тренер Љуљзим Вренези е годинешниот добитник на наградата за животно дело од областа на спортот. Тој активно се натпреварувал 28 години, а како тренер со негови борачи идната година оди на Олимписките игри во Токио.

„Ми претставува огромно задоволство фактот што јас сум добитник на наградата 8 Септември. Без сомнение ова е најголемата наградата што сум ја добил во мојот живот. Се надевам дека ќе ве израдуваме и на Олимписките игри во Токио со медал“, вели Љуљзим Вренези.

Награда 8 Септември добија и уште четворица  спортски работници и тоа Сократ Ефтимовски во борење, Бесник Мурати карате, Ванчо Јовановски ракомет и Ѓорги Вучков атлетика, со што им се оддава признание за нивната посветеност во спортот.

Од Агенцијата за млади и спорт најавија дека и во иднина ќе продолжи поддршката за сите спортски работници кои со своите успеси ја промовираат државава во други земји. Заменик директорот Измит Нура рече дека добивањето на ова признание е потврда за нивниот труд и посветеност во спортот.

„Преку вашата улога во претставувањето и афирмирањето на Република Северна Македонија во меѓународни рамки сте придонеле за јакнење на националната свест и за промоција на нашата држава во светот, за што сите се гордееме“, посочи Измит Нура.

Наградата 8 септември се доделува секоја година на спортски работници кои имаат исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоцијата на земјава на меѓународен план.

.

Извор: ТВ21

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1
spot_img

Најважното