Каснувањето од комарец ретко може да се почувствува. Д-р Сермед Межер од Лондон објасни дека причината е што плунката од комарец има сличен квалитет на анестетикот.
„Убодот од инсект започнува со вбризгување на локален анестетик во кожата, така што нема да го почувствувате.Шест игли влегуваат во кожата, од кои едната ја пробива кожата, а другата пие крв од крвните садови“, вели тој.
Може да поминат неколку минути или часови додека почувствуваме каснување од комарец. Според докторот, процесот на убод е „толку ефикасен што комарецот ќе го нема додека ние сфатиме што се случило“.
Само женските комарци нè каснуваат затоа што им треба дополнителна храна за да можат да ги нахранат своите млади“, вели д-р Межер.
„Комарците еволуирале за да имаат извонредна способност да пронаоѓаат крвни садови и да цицаат крв без да предизвикаат значителна штета или непријатност“, вели тој.
