Состојки:
- 2 кг цреши
- 200 гр шеќер
- сок од 1 лимон
- 100 мл сок од јаболко
Подготовка:
1. Измијте ги црешите и извадете ги семките.
Во поголемо тенџере се ставаат вишните, шеќерот, сокот од лимон и јаболкото и се оставаат да зовријат, намалете ја температурата и варете додека црешите не почнат да се распаѓаат од варење.
2. Се трга од оган и се дроби со миксер, а по желба се остава да има неколку поголеми парчиња овошје.
3. Вратете на рингла и варете на малку повисок оган десет минути и за тоа време ќе почне да згуснува.
Намалете ја температурата и варете уште 15 минути и за тоа време ќе биде многу погусто.
Измијте ги теглите во топла вода со сапуница, добро исплакнете ги и ставете ги влажни во рерна да се исушат. (направете го тоа кога ќе го ставите џемот да се готви за да имате доволно време да се исуши и добро да се загрее)
4. Во врели тегли се прелива врелиот џем, се затвора со капаци и се враќа во загреана рерна и се остава половина час.
Извадете ги од рерна, ставете ги во старо ќебе, завиткајте ги и оставете ги целосно да се изладат.
