Кујна

ДОМАШЕН МАЈОНЕЗ – КРЕМАСЕН, ВОЗДУШЕН И ПОЛН СО ВКУС: Еве како да го направите брзо и без напор!

Мајонезот најмногу се користи во овој период од годината, кога се прават руски, мимози и други фантастични салати.

Состојки:

  • 2 јајца
  • сенф 2 лажици
  • сок од лимон 2 лажици
  • сол 1 помала рамна лажица
  • масло 400 мл
  • бибер на врвот на ножот

Како да се подготви:

Во тегла од 700 гр додадете ги јајцата, сенфот, сокот од лимон, солта, биберот, сенфот и третина од маслото. Ставете го миксерот со стапчиња во теглата, вклучете го и по неколку секунди полека прелијте го остатокот од маслото. Потоа почнете нежно да го вадите миксерот кон врвот на теглата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни