Македонија

Донесена одлука дали ќе се продолжи учебната година по 10. јуни

Нема да се продолжи учебната година по 10. јуни, одлучи денеска Владата на седница.

Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година.

Ова се најде на владина седница откако Синдикатот на просветните работници минатите недели штрајкуваше поради неусогласеноста на платите со минималната плата.

Деновиве се очекува да биде донесена одлука и за основните училишта, но како што дознава 4NEWS.mk наставата нема да биде продолжена ниту таум со оглед на тоа што реализиран е минимумот од 100 наставни дена.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни