Доставен обдукцискиот наод за Ведат Адеми кој почина откако прими терапија во кумановската болница

Од Јавното обвинителство соопштија дека Институтот за судска медицина до Основното јавно обвинителство Куманово го доставил обдукцискиот наод за починатиот Ведат Адеми.

Оттаму посочуваат дека наодот се разгледува во корелација со други докази, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.

Кумановското обвинителство веќе отвори предистражна постапка за случајот на 32-годишниот кумановец Ведат Адеми, кој почина на 17 март во градската болница. Адеми починал откако примил терапија во болницата. Неговото семејство обвинува дека причина е лекарска грешка и дека му бил даден лек на кој бил алергичен.

Директорот на кумановската болница Стефан Трајановски беше разрешен откако во извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше утврдено дека имало многу пропусти во болницата, а Министерството за здравство до Лекарската комора предложи одземање на лиценцата на лекарот што таа вечер бил на дежурство. 

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното