Македонија

Доставени потписите на Река во ДИК, се очекува истото да го сторат Пендаровски и Силјановска

Собраните потписи за кандидатот за претседател, Блерим Река, беа доставени во ДИК. Потписите ги доставија претседателот на изборниот штаб на Река, Флорим Хасани, придржан од претседателите на штабовите на Алијаса за Албанците и Движење Беса. Флорим Хасани рече дека очекуваат за 48 часа ДИК да ја потврди кандидатурата на професорот Река за претседател на земјата.

-По фазата на 21 март, имаме пауза од 10 дена, денови во кои ќе се фокусираме на изборната кампања која ќе започне од 1 април.-вели Хасани.

Портпаролот на Социјалдемократскиот сојуз, Костадин Костадинов, рече дека се уште има време и дека во рамки на рокот ќе ги достават потписите за нивниот заеднички кандидат, Стево Пендаровски.

Од друга страна, портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, рече дека и тие во рамки на рокот ќе ги депонираат собраните потписи за нивниот кандидат, Гордана Силјановска Дафкова.

Инаку, временскиот рок за депонирање на собраните потписи за кандидатите за претседател, истекува на 21 март. До сега само Блерим Река ги доставил собраните потписи.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни