Македонија

Доставување на кандидатурите најдоцна до 21 март, 9 март последен рок за собирање потписи

До овој момент, до ДИК, кандидатура нема доставено ниту еден од кандидатите кои се во трка за претседател на државата. Потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху, вели дека ДИК до кандидатите доставила барање за собирање на потписи.

„Изборната кампања започнува 30 дена пред одржување на изборите, односно од 1 април. Собирањето на потписи започна на 23 февруари а ќе заврши на 9 март. Доставувањето на кандидатурите завршува на 21 март“, изјави Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК.

Официјално до ДИК  нема стигнато ниту едно известување од г. Амди Бајрам за повлекување на кандидатурата.

Според информациите, досега во ДУК, пристигнале 7 кандидатури од Гордана Силјановска, Блерим Река, Амди Бајрам, Димче Петровски, Филип Петровски, Јосиф Мирчевски и Господин Поповски.

Според Дик до овие моменти врз основа на податоците кои пристигнале до нив од регионалните канцеларии, Гордана Силјановска собрала потписи и ја повлекла листата за собирање на потписи. Таа собрала 15.169 потписи. Кандидатот, Амди Бајрам, според ДИК собрал 1.124 потписи, Димче Петровски 373 потписи, Филип Петровски 1.150 потписи, Јосиф Мирчевски 8 потписи, Господин Поповски 11 потписи и Блерим Река 6.514 потписи.

ДИК, Државниот завод за ревизија и Антикорупциска денеска потпишаа меморандум за соработка на прагот на претседателските избори.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни