Судењето против Раде Трајковски-Штекли и уште 9 лица обвинети за трговија со дрога се одложи за 7 август.
Трајковски утрово бил пренесен на Клиниката за неврологија поради сериозни здравствени проблеми. Според доставеното известување до судот, тој бил неконтактибилен и дезориентиран при приемот.
Обвинетите се товарат за трговија со кокаин и марихуана на подрачјето на Скопје, како дел од организирана криминална група. Доколку здравствената состојба на Трајковски дозволи, судскиот процес ќе започне по 11 часот.