Свет

Драма во Америка: Убиец киднапирал трудница и четири деца!

Драма во Америка: Убиец киднапирал трудница и четири деца!

Во Америка е активиран Амбер алерт аларм поради киднапирање на трудница и нејзините четири деца во Америка.

Драмата се одвивала во Минесота, а се сомнева дека децата и нивната трудна мајка биле киднапирани од нејзиното вооружено момче.

Полицијата трага по Никола Добсон (33) и нејзините деца Брендон (14), Хели (11), Грејси (7) и Клои, кои ги киднапирал Чад Анеруд (35).

Властите во Минесота на социјалните мрежи наведуваат дека Чад Анеруд е осомничен дека убил маж пред да ги киднапира својата девојка и нејзините деца.

Наводно, Чад бил виден како вози бело комбе Chrysler Pacifica од 2017 година.

Според извештаите, тој влегол во куќата каде што бил Никола со децата и испукал рафал во таванот пред да ги натера мајката и децата да го следат.

Претходно, тој убил човек и ја запали неговата куќа.

Во овој момент не се знае во кој правец побегнал киднаперот со жртвите. Полицијата ја замолува јавноста да не му приоѓа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни