Македонија

Драма во Долнени: Уапсен маж кој крадел од фарма, брат му сакал да спречи транспортот па застанал пред полициското возило!

Драма во Долнени: Уапсен маж кој крадел од фарма, брат му сакал да спречи транспортот па застанал пред полициското возило!
Фото: 4news.mk

На 10.02.2026 во 15:00 часот во с.Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово го лишиле од слобода Х.К.(34) од Прилеп.

При преглед во неговото патничко возило биле пронајдени предмети за кои постои сомнение дека ги украл од живинарска фарма во с.Долнени, а кои претходно биле пријавени за украдени. 

Подоцна, од слобода бил лишен и неговиот брат Б.К.(32) затоа што на ул.„Орде Чопела“ во Прилеп застанал пред полициското возило, се обидел да го спречи транспортот до ОВР Прилеп и агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе следува соодветна пријава.  

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни