Поврзи се

Балкан

Драма во Дубровник: Авион пријавил проблем, па слетал со отворени врати

Вистинска драма се случувала над небото на хрватскиот град Дубровник кога авион на компанијата „Туркиш Ерлјанс“ пријавил проблем со хидрауликата. Авионот неколку пати кружел над Јадранското море, а на крајот, слетал на аеордормот, но со отворени врати, јавува Авиорадар.

Сите служби на аеродромот во Дубровник биле на готовс, односно пожарникарите и брзата помош излегле веднаш на пистата.

Авиорадар јавува дека авионот слетал со отворени врати на предниот трап, а биле отворени вратите и на местата каде што се транспортира багажот.

Немало повредени лица, а немало ниту потреба да интервенираат службите. Авионот слетал во 7:50 часот наутро, а се обраќал на релација Истанбул – Дубровник.

The post Драма во Дубровник: Авион пријавил проблем, па слетал со отворени врати appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com