Свет

Драма во Германија: Вооружена полиција го опколи училиштето, учениците затворени во училниците

Драма во Германија: Вооружена полиција го опколи училиштето, учениците затворени во училниците

Во училишниот центар на улицата Георг Кершенштајнер во Германија, имаше голема полициска акција кога полицијата ја опколи зградата и им нареди на децата да останат затворени во училниците.

Полицијата околу 11 часот пристигнала во училиштето Емил Посел.

Засега не се познати деталите од оваа полициска акција, но ситуацијата е крајно сериозна.

Десетина родители и други роднини се собраа пред Ханзехала, каде што полицијата отвори центар за згрижување.

„Ни се јави синот и ни кажа дека се затвориле во училницата. Чувствуваат дека нешто сериозно се случува. Многу сме загрижени“, рекол Олаф Бом (52).

Полицијата во моментов го претресува училишниот комплекс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни