Драма во Италија! Вработени тепале и сексуално малтретирале пензионери во дом за стари лица!

Корисници на пензионерски дом во италијанскиот град Латери, во провинцијата Витербо, биле изложени на малтретирање, па дури и сексуално насилство, утврдиле истражителите по истрагата, објавија денеска италијанските медиуми.

Поради тоа, полицијата уапсила три лица кои работеле во домот, а тројца биле суспендирани од должноста, пренесе агенцијата Нова.

Истрагата беше започната во пролетта 2024 година, по жалбите на голем број поранешни вработени кои пријавија серија злоставувања на постари лица од страна на нивните колеги.

Во текот на истрагата внатре во објектот биле поставени камери, како и уреди за слушање.

Утврдено е дека во домот се извршени повеќе кривични дела над корисници кои биле изложени на психичко вознемирување, како и физички напади и сексуално насилство, пишува Нова.

Истрагата открила и други криминални дејствија, како негрижа на корисниците на домот кои немале соодветна исхрана, им биле давани анксиолитици или често биле врзани за креветот и така оставани со часови, додава италијанската агенција.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното