ДРАМА ВО ЛОНДОН: Пожар во куќата на британскиот премиер!

Полицијата започна истрага за пожарот што во понеделникот наутро на 12 мај избувна во куќата на британскиот премиер Кир Стармер во северен Лондон, пренесува Телеграф.

Лондонската противпожарна бригада пристигнала на адресата во северен Лондон, каде што се наоѓа домот на Стармер, околу 1.30 часот.

Пожарот бил брзо изгаснат, поради што е оштетен влезот на куќата, но нема жртви.

Лондонската полиција соопшти дека започнала истрага за пожарот и привремено ја опколила областа за истраги.

-Премиерот им се заблагодарува на итните служби за нивната работа. Инцидентот е под истрага и нема да даваме дополнителни коментари – изјави портпаролот на шефот на британската Влада.

За време на својот премиерски мандат, Кир Стармер и неговото семејство живеат во Даунинг стрит 10, како и неговите претходници. Тој го издава својот дом со четири спални соби во северен Лондон.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното