4NEWS.mk

Драма во ресторан во Пехчево: Им се заканувал на гостите, па се обидел да предизвика пожар

Синоќа во околу 00:20 часот во Полициска канцеларија Пехчево бил приведен 39-годишниот Б.К.од Берово поради предизвикување општа опасност.

Тој пред угостителскиот објект во Пехчево со нож се заканувал кон присутните и истурил течност по инвентарот со намера да предизвика пожар, но бил спречен од полициски службеници.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Берово. МВР информира дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни