Шведската полиција денес соопшти дека тинејџер бил застрелан во обид за убиство во училиште во близина на Стокхолм и дека осомничениот е приведен.
Жртвата е пренесена во болница, додаваат од полицијата. „Повредениот е свесен и можеше да зборува кога полицијата пристигна на местото на настанот“, додаваат тие во соопштението, пренесува Ројтерс. Според шведските медиуми, злосторството наводно се случило во училишниот тоалет. Едно лице е уапсено поради сомнение за обид за убиство. „Не бараме повеќе сторители и немаме повеќе повредени“, изјави Хелена Бостром Томас, портпарол на полицијата. Областа околу училиштето е опкружена. „Го истражуваме местото на злосторството и разговараме со сведоци кои можеби виделе нешто“, додаде таа.Засега нема информации што му претходело на пукањето.