Дрон погоди автобус со работници во Украина: Деветмина загинати, 30 повредени!

Руски дрон погодил автобус кој превезувал вработени од една компанија во градот Марганец, во Дњепропетровската област во Украина, при што загинале девет лица, а 30 се повредени, соопштија локалните власти.

Веста ја објави шефот на регионалната воена администрација на Дњепропетровската област, Сергеј Лисак, преку Телеграм, наведувајќи дека „агресорот го нападнал Марганец со камиказа дрон“, пренесе Укринформ.

Според првичните информации, седум лица загинале, а шест биле повредени, но бројот на жртви подоцна е зголемен.

Претседателот на регионалниот совет на Дњепропетровската област, Никола Лукашук, потврди дека цел на нападот бил автобус со работници кои патувале на работа.

„Русите нападнаа автобус со вработени. Камиказа дрон гаѓаше цивили. Има загинати и повредени“, напиша Лукашук.

Тој подоцна ги потврди конечните бројки.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното