Балкан

ДРОНОВИ ПОГОДИЈА ДВА ТРГОВСКИ БРОДА КАЈ БУГАРИЈА: Еден потона, спасени 18 морнари

ДРОНОВИ ПОГОДИЈА ДВА ТРГОВСКИ БРОДА КАЈ БУГАРИЈА: Еден потона, спасени 18 морнари

Два трговски брода биле погодени од дронови во текот на ноќта во бугарската ексклузивна економска зона во Црното Море, на околу 150 километри југоисточно од Варна. Инцидентот се случил источно од ртот Свети Атанас и Бјала, на околу 70 до 80 наутички милји од бугарскиот брег.

Погодени се бродовите за разновиден товар „Алфа Ватан“, кој пловел под знамето на Того, и „Абле“, кој бил под знамето на Палау. Станува збор за прв пријавен напад со дронови врз трговски бродови во бугарската економска зона во Црното Море.

„Алфа Ватан“ претрпел тешки оштетувања на трупот и потонал источно од бугарскиот брег. Во моментот на објавување на информациите нема официјална потврда за судбината на членовите на неговиот екипаж, а спасувачките екипи трагаат по исчезнатите морнари.

На вториот брод, „Абле“, по ударот избувнал пожар, поради што 18-члениот екипаж морал да го напушти пловилото. Бугарски ферибот бил пренасочен кон местото на инцидентот и ги презел сите 18 морнари.

Според досегашните информации, меѓу спасените има и повредени. На нив им била укажана прва помош, а се подготвува нивно префрлање на брегот за понатамошна медицинска помош.

Спасувачката операција продолжува во поширокиот реон источно од Бјала. Засега нема официјална информација кој стои зад нападите со дронови, а бугарските власти го истражуваат инцидентот.

По нападот, бугарскиот премиер Румен Радев свикал итна средба со претставници на Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и води, претседателската институција и безбедносните служби.

Поради инцидентот, бугарската претседателка Иљана Јотова ја променила својата програма и го откажала планираното присуство во Велико Трново, каде што требало да присуствува на претставувањето на резултатите од археолошките истражувања и реставрацијата на ридот Трапезица.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни