Македонија

Државата ќе плати близу 10.000 евра на Груевски за адвокатите поради застареното дело

Државата ќе треба да плати 589.680 денари (9.500 евра) за адвокатите на поранешниот премиер Никола Груевски, откако на 13 ноември Кривичниот суд констатираше дека на поранешниот премиер му застарело делото во предметот „Траекторија“ за кинеските автопати, пренесува САКАМДАКАЖАМ.МК.

Пресметката ја направи Коалицијата „Сите за праведно судење“, ориентационо врз основа на мониторираните рочишта за главната расправа од предметот „Траекторија“. Биле одржани 36 рочишта, а Груевски од декември 2017 до декември 2018 имаше бранители по сопствен избор, а од декември до застарување на делот од судот му беше назначен адвокат по службена должност.

Груевски беше обвинет за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание во предметот „Траекторија“ за изградбата на кинеските автопати.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни