Македонија

Државниот првак по математика Лео Нелоски на прием кај градоначалникот Пецаков

Државниот првак по математика Лео Нелоски на прием кај градоначалникот Пецаков

Градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков денеска го прими деветтоодделенецот Лео Нелоски, државен првак по математика за 2022 година.

Нелоски, кој е ученик во основното училиште „Григор Прличев“, на Јуниорската математичка олимпијада, која се одржа на Природно-математичкиот факултет во Скопје, го освои сребрениот медал.

– Општина Охрид постојано ќе биде ветар во грб и ќе им дава поддршка на младите и телентирани ученици од основните и средни училишта во Охрид, со цел постигнување на уште повеќе и поголеми успеси, соопшти општинската прес-служба.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни