Македонија

ДУИ го поздравува претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ

ДУИ го поздравува претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ

Демократска Унија за Интеграција го поздравува претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ – најголемата светска регионална безбедносна организација.

ДУИ оценува дека ова е голем успех во планот на нашата земка во меѓународната арена.

Под слоганот „За луѓето се работи“ фокусот на претседавање ќе биде ставен врз хуманата безбедност во ера на регионална и глобална несигурност и нестабилност. 2023 година ќе биде важна година за меѓународната позиција на Република Северна Македонија. Зајакнатото меѓународно профилирање значи долгорочен влог во економски развој, нови можности за младите и стабилност.

Северна Македонија досега многу пати го покажала својот капацитет, дека преку политички дијалог, демократски средства и демократско владеење ги остварува своите цели како на домашен, така и на меѓународен план.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни