ДУИ: ВМРО блокира се Европско во Собранието, им одзема на граѓаните над 500 милиони евра

Демократската Унија за Интеграција смета дека коалиционата блокада на опозициските ВМРО ДПМНЕ и Левица во Собранието на сите закони и постапки е суштествено антиЕвропска, антиНАТО и антиАмериканска.

„ВМРО ДПМНЕ и Левица активно и намерно блокираат над 500 милиони евра наменети за проекти во интерес на граѓаните од страна на европските финансиски институции.

Да повториме: Финансиските импликации од блокирањето на законот за ДДВ се 40 милиони евра, за законот за данок на добивка се 20 милиони евра, за данокот на солидарност 80 милиони евра, како и блокирањето на финансиските закони за задолжувања, 100 милиони евра од европската инвестициона банка за развојни кредити за стопанството со поволни услови и други 100 милиони од ЕБРД за ЕСМ, над 150 милиони евра за коридорите 8 и 10 – Д, додека од даночните законите зависат и уште вкупно 260 милиони евра од ЕУ и ММФ, дополнително уште стотици милиони евра за железницата на коридорот 8.

Истовремено, ВМРО работеше активно против Преспанскиот договор и членството во НАТО, не даде поддршка за референдумот како што вропчем делува и против Добрососедскиот договор или и Охридскиот Договор преку отпорот кон Законот за Јазици.

ДУИ ги поддржува петте закони во Собрание и активно ќе работи на нивно усвојување за побрза и поефтина изградба на автопатиштата.

ДУИ истотака се залага за уставни измени и продолжување на европскиот пат на земјата преку национален консензус и општествено помирување.

ВМРО и Левица се извор на лажни вести и пропаганда. Никаде во законот за работни односи не се споменува 60 часа работно време.

Сите досегашни тврдења на коалицијата ВМРО ДПМНЕ и Левица се потврдија како ЛАЖНИ!

ДУИ нема да дозволи ВМРО и Левица да ја чинат државата и граѓаните над 150 милиони евра поскапа изградба и над две години по долга изградба.

Заложништвото на Собранието од страна на ВМРО ДПМНЕ и Левица ЗАВРШИ!“, велат од ДУИ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното