ДУИ: ВРЕДИ бара гласови за Мицкоски и ВМРО во Љуботен за Дарко Костовски!

На денешната прес-конференција, потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, жестоко ја критикуваше коалицијата ВРЕДИ за нивната поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, оценувајќи го тоа како без преседан политички и морален пораз.

„Она што денес се случува на албанската политичка сцена е без преседан: коалиција што се нарекува „албанска“ ја води кампањата за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа со гордост, сервилност и јавно понижување. ВРЕДИ не се бори за гласот на Албанците – тие се борат за својот политички опстанок преку поддршката на својот политички патрон“, изјави Адеми.

Тој потенцира дека во Бутел, каде Албанците за првпат се обединети околу кандидатот д-р Исамедин Азизи, ВРЕДИ ја избрала страната на ВМРО-ДПМНЕ, што според него претставува политички вазалитет. Потпретседателот ја истакна и иронијата што лидерите на ВРЕДИ некогаш покажувале жал за жртвите од Љуботен, а денес бараат албански гласови за поддршка на кандидатот на ВМРО.

„Нивните акции повеќе не се соработка или поддршка – тоа е целосна покорност кон патронот кој им дава ‘електорален кислород’ за опстанок. ВРЕДИ нема албански глас, ниту поддршка, ниту почит. Наместо тоа, тие молат за милост од својот македонски патрон“, додаде Адеми.

Според него, на 19 октомври ќе се покаже поделбата меѓу достоинството и срамот, меѓу верноста кон народот и потчинетоста кон патронот. „Бутел ќе зборува гласно со својот глас и ќе покаже дека ВРЕДИ е само во служба на патронот, додека Албанците се во служба на националната победа“, заклучи Адеми.