Додека се дебатира за загадениот воздух во еден од најзагадените градови во Европа, градоначалникот на Скопје, си играше игри на својот мобилен телефон, заменик министерот за животна средина дремеше, а пред неколку дена самиот министер рече дека не се занимава со граѓаните.
Тој инсистираше дека станува збор за недоразбирање и дека министерот е изваден од контекст, но го прашавме денеска дали ќе им се извини на граѓаните кои можеби го разбрале погрешно и се навредиле од неговата изјава, а тој одговори дека нема да се извини, и дека изјавата била извадена од контекст.
Дураку не се извини за изјавата, но немаше реакција ниту од Владата, иако главната порака на Премиерот на првиот ден на гласањето во Собрание, беше дека тие кои нема да работат за граѓаните, ќе бидат отстранети.
Во меѓувреме Владата во рамки на мерките за подобрување на квалитетот за воздухот, одобри заем од 10 милиони евра од Европска банка за набавка на нови автобуси. Освен мерките од Европска банка, 2 милиони евра ќе се обезбедат и од буџетот на ЈСП.
РЕПОРТЕР: ФУРКАН САЛИУ
