Дури 36 отсто од момчињата и три проценти од девојчињата на 15-годишна возраст имале сексуално искуство.
Стапката на тинејџерска бременост кај нас е речиси трипати повисока од просекот на Европската Унија, покажуваат податоците што денеска ги објавија Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) и ХЕРА – асоцијација за здравствена едукација и истражување по повод Светскиот ден на контрацепцијата и Светскиот ден на безбедниот абортус.
Заштитениот сексуален однос, според пласираните податоци, е пракса само кај 20 отсто од девојчињата и 62 проценти од момчињата меѓу албанското население и кај 64 отсто од момчињата и 52 проценти од девојчињата меѓу македонското население.
Меѓу младите до 29-годишна возраст, само 12,8 проценти користат контрацептивно средство. Ниту едно од малкуте достапни модерни контрацептивни средства во земјава не е на Позитивната листа на лекови.
Од друга страна, иако буџетот за бесплатна модерна контрацепција за девојки и жени во ранливи ситуации предвиден со Превентивната програма за мајки и деца се зголемил од 100 илјади денари во 2022 година на 500 илјади денари годинава, бесплатна контрацепција, како што беше соопштено, добиваат само жените кои живеат во Скопје и тоа само преку Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство.
И покрај тоа што годинава државата конечно обезбеди пристап до проверени информации за контрацептивните средства преку двојазичната веб-страница https://kontracepcija.