Македонија

Дурмиши: Четиричлено семејство заштедува од 690 до 1360 денари со мерките

Дурмиши: Четиричлено семејство заштедува од 690 до 1360 денари со мерките

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши на конференција по повод 100 дена нова Влада истакна дека едно четиричлено семејство заштедува од 690 до 1360 денари со мерките што ги воведе владата.

„Првичните анализи од терен, кажуваат дека цените на производите од есенската кошничка се намалиле во просек од 5 до 10 проценти, при што кај некои производи намалувањето на цените е помало, или воопшто и го нема како кај лебот, маслото за јадење и млекото, додека кај други производи е значително поголемо како кај месото, зеленчукот, сирењето и кашкавалот. Се очекува намалувањето на цените да биде уште поголемо имајќи го во предвид и намалувањето на цените во трговијата на големо, кое допрва треба да се случи во наредните пратки, при достава на производите во маркетите“, посочи Дурмиши.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни